
Претседателот Доналд Трамп предупреди денес дека „целосно разделување“ меѓу длабоко испреплетените економии на САД и Кина останува потенцијална политичка можност, пренесе АФП.
„Соединетите држави секако имаат опција за политика во зависност од условите, за целосна независност и отцепување од Кина. Благодарам!“ напиша американскиот претседател на Твитер.
Тој одговара на коментарите дадени од неговиот трговски претставник, Роберт Лајтхајмер, кој води разговори за ставање крај на трговската војна со Пекинг.
Лајтхајмер рече пред Конгресот дека Кина досега ги исполнила условите на договорот, со кој се олесни трговскиот спор и дека одвојувањето на двата економски гиганти веќе не е можно.
„Тоа беше опција за политика пред години, но мислам дека не е политика или разумна опција во моментот“, рече Трамп.