
Американскиот државен секретар Мајк Помпео ги коментираше мемоарите на Џон Болтон поврзани со неговата работа во администрацијата на претседателот Доналд Трамп, нарекувајќи го поранешниот советник за национална безбедност „предавник“.
„Џон Болтон шири полувистини и целосни лаги“, рече Помпео во изјавата.
„Жално и опасно е што последната јавна улога на Џон Болтон беше како предавник на штета на Америка, кој ја наруши светата доверба на својот народ“, рече Помпео.
„За нашите пријатели ширум светот: знајте дека Америка на претседателот Трамп е сила (која создава) добро во светот“, додаде тој.
Помпео рече дека сè уште не ја прочитал книгата на Болтон, која администрацијата на Трамп се обидуваше да касопре да се објави.
Но, од извадоците објавени од поголемите весници, Болтон рече дека Помпео често отворено го игнорирал.