Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера се состана со претседателот Александар Вушиќ во Белград, со кого разговарале за косовското прашање и за потенцијалниот договор меѓу Белград и Приштина пред заминувањето на Вучиќ за Москва и Вашингтон.
Српскиот шеф на државата посочил дека добил „одредени проценки од Руската Федерација од шефот на руската дипломатија, според кои нè чека многу тежок период во кој ќе се соочиме со големи притисоци за реализација на големи планови, кои ние ниту официјално ниту неофицијално не сме ги добиле“.
Нема ултиматум
„Денес добивме одредени проценки на Руската Федерација, односно Лавров, што дополнително ме загрижи како претседател и тие се однесуваат на разни планови и идеи во врска со решавањето на кризата Косово-Метохија“, изјави претседателот и посочил дека не сака да крие дека Србија се соочува со исклучително тежок период:
„Ќе мора да бидеме исклучително внимателни во следењето на секоја идеја што ни е претставена“, предупреди шефот на државата.
Тој рече дека, доколку се постигне некое решение, јасно е „дека Русија исто така ќе мора да се изјасни за тоа“ и дека во иднина ќе биде во „секојдневна комуникација со Кремљ по тоа прашање“.
„Ние ќе ги заштитиме нашите интереси, без оглед на цената што ќе мора да ја платиме“, изјавил тој.
Вучиќ истакна лдека граѓаните на Србија мора да бидат обединети во одбрана на нивните интереси затоа што претстојат тешки времиња.
„Кога велам тешки, можеби најтешки во последните 12 години, од прогласувањето на независност.а Важно е добро да ја сфатиме нашата позиција, дека сме подготвени за разговор и компромис, но доволно силни за да ги отфрлиме ултиматумот и уцената“, изјавил Вучиќ.