
Во изминатите 24 часа, во Русија се регистрирани уште 7.972 случаи на коронавирус, со што вкупниот број заразени изнесува 569.063, соопшти денеска кризниот центар за борба против коронавирусот.
Ова значи дека веќе трет ден по ред, бројот на нови случаи не надминал 8.000.
Според центарот, 181 лица починале од последиците од вирусо во изминатите 24 часа, а вкупниот број на жртви достигна 7.841.
Според кризниот центар, дневната стапка на раст за три дена остана на минимална вредност од 1,4 проценти.
Во Москва биле заразени уште 1.136 лица, при што стапката на раст не надминува 0,5 проценти во претходните три дена.
Досега, вкупно 211.921 луѓе се заразени со коронавирусот во Москва.