Италија:15 милијарди евра помош за граѓаните погодени од корона кризата

од Vladimir Zorba
170 прегледи

Италијанската влада досега плати 15 милијарди евра, по разни основи, на 11 милиони работници, со цел да ги ублажи последиците од економската криза што се појави по пандемијата „Ковид 19“, пишува дневниот весник „Хафингтон пост“, повикувајќи се на официјалната статистика од 18 јуни.

Околу 4 милиони самовработени работници добија бонус од 600 евра, семејствата добија помош, поточно еден милион луѓе, во име на трошоците за чување деца (бебиситери), компензација за родителско отсуство, а дел од помошта беше распределена на 164 илјади сезонски работници.

Според весникот, вработените во секторот за забава добиле и финансиска помош, оние кои работат во туризам, како и семејства за да ги покријат трошоците за грижа за стари лица и домаќинки. Меѓу оние кои побарале помош од државата се околу 400 илјади лица со ниски приходи, за кои во текот на кризата е воспоставен т.н. приход во итни случаи.

Помош им беше дадена и на работниците кои претрпеа штета бидејќи нивните работни места беа замрзнати за време на пандемијата. Платени се една милијарда и 700 милиони евра за таа категорија на оние кои се погодени само од кризата.

Пред овој извештај, големите здруженија на индустријата ја обвинија владата на премиерот Џузепе Конте дека помошта по пандемијата е бавна и мала, пишува Хафингтон пост.