
Едно лице загина, а друго е тешко повредено во пукање во делот од Сиетл, што неодамна беше окупирано од демонстрантите. Полицијата едвај стигна до местото на пукањето.
Полицијата во Сиетл допрва треба да одговори на околностите што довеле до пукање во дел од градот кој е контролиран веќе некое време исклучиво од демонстрантите поради смртта на Џорџ Флојд.
Патролата пристигнала на местото на настанот откако било пријавено пукањето, но наишла на непријателски пречек кога се обиделе да стигнат до местото каде што биле двете лица застрелани.
Едно лице беше прогласено за мртво во болницата, а другото е во сериозна состојба, соопшти полицијата, која неодамна ја напушти блиската полициска станица поради протестите.