393
Потпретседателката на СДСМ и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашната емисија „Само вистина“ на Канал 5 ТВ изјави дека за кратки три години се направило невозможното, односно сетоа тоа што ВМРО-ДПМНЕ не успеало во 11 години.
„Зоран Заев пред да отстапи да биде премиер, беше присутен на иста маса со Трамп, Столтенбер, Џонсон, Макрон, Меркел, на маса на која Никола Груевски и никој од ВМРО-ДПМНЕ не може да сонува да биде седнат на неа, и тој премиер не доведе до ова, по сите лаги и колнења, што ВМРО ДПМНЕ ги ширеше цела година да добие членство во НАТО и почеток на преговори со ЕУ“, порача Шекеринска.
На прашањето на Александар Николовски кога Македонија ќе добие датум за преговори, Шекеринска одговори дека тоа ќе биде кога СДСМ ќе го порази ВМРО-ДПМНЕ на изборите и кога на сите ќе им покажат дека ДПМНЕ нема да се вратат на власт.