
Предизборниот митинг на американскиот претседател Доналд Трамп во саботата привлече рекорден број гледачи на телевизијата „Фокс“, иако собирот во Тулса, Оклахома, беше помалку посетен од очекуваното.
Околу 7,7 милиони гледачи гледале „Фокс њуз“ во саботата навечер, од 20 до 22 часот, објави телевизијата.
„Фокс“ во тоа време го емитуваше обраќањето на Доналд Трамп.
Како што објавија, тоа е најгледаната сабота, во тој временски период, во историјата на „Фокс“.
Веста за рекордот ја пренесе и Доналд Трамп на неговиот профил на Твитер