МВР: Лични карти и пасоши во Скопје ќе се издаваат и во сабота и недела

од Берта Китинска
309 прегледи

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните во Скопје дека во периодот до одржувањето на парламентарните избори ќе биде овозможено подигање на готовите лични документи (лична карта и пасош) и во текот на деновите од викендите.

Во периодот до одржување на парламентарните избори на  15. 07. 2020, Министерството за внатрешни работи ќе овозможи,  во седиштето на Одделението за управни работи Скопје  (зградата на МТВ) и подрачната канцеларија „Беко“ подигање на личните документи покрај во редовното работно време (од 07:30-20:00 часот од понеделник до петок) и секоја сабота и недела (27 и 28 јуни и 4, 5, 11 и 12 јули) вопериодотод 08:00 до 16:00 часот.

Слични содржини