Владата на Црна Гора објавила мапа со податоци и ширење на коронавирусот, во која се тврди дека од 59 заразени, 45 или 76 проценти од случаите биле увезени од Србија.
Овие податоци се објавени на официјалниот профил на Твитер на владата, со забелешка дека ситуацијата се однесува до денешниот ден, 24 јуни.
Наведено е дека 14 луѓе присуствувале на фудбалскиот натпревар Ѕвезда – Партизан во Белград, и дека од Тутин дошле 31 лице во Црна Гора.
#NKT: Putevi importacije #COVID19 u Crnu Goru, stanje na dan 24. juna 2020.#coronainfoCG pic.twitter.com/tQo0mrQ250
— Vlada Crne Gore (@VladaCG) June 24, 2020
Претходно денес, од Институтот за јавно здравје било објавено дека во Црна Гора се регистрирани пет новозаразени лица – тројца од Рожаје и по едно од Беране и Подгорица.