Нереди и во Подгорица: Полицијата употребила солзавец, уапсена политичарка (видео)

од Nikola Popovski
233 прегледи

Поради немирите во Будва, луѓе се собрале во Подгорица пред Центарот за безбедност, а неколку лица се уапсени, пишува црногорски „Вијести“.

Полицијата употребила солзавец откако кон нив биле фрлени неколку тврди предмети.

Полицијата претходно им наредила на собраните да се разотидат, или во спротивно ќе употребат средства за нивно растурање.

После тоа, тие се упатиле кон граѓаните, кои се повлекле кон Механичкото училиште во Подгорица.

Специјална полициска единица билаприсутна пред полициската станица.

Според „Вијести“, уапсена е Марина Фронтиќ, членка на Демократскиот фронт.

Граѓаните извикувале „Црна Гора се крена, светилиштата мора да се бранат, Мило, крадецу“.