Богојевски: Техничките министри во Владата на Спасовски се луѓе длабоко врежани во сценаријата на Груевски

од Берта Китинска
592 прегледи

„Неколку месеци пред да се случи референдумот и пред потпишување на Преспанскиот договор, Никола Груевски на дланка  ја понуди партијата на реформаторите доколку тој заштитувајќи уште четворица негови блиски лица добие можност да биде амнестирани. Интересно е што во тој список не беа неговите најблиски соработници кои ги знае јавноста, меѓу нив е една соработничка која денеска е на висока функција во Владата на Оливер Спасовски“,изјави првиот човек на Македонски концепт, Петар Богојевски во интервјуто во емисијата “Во центар”.

На прашањето кои се блиските личности кои Груевски сакал да ги заштити, а не е Гордана Јанкуловска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски и Никола Тодоров , дали станува збор за заменичката министерка за финансии во сегашната техничка Влада.Богојевски не сакаше да прецизира покрај тоа што напомена дека се работи за женска личност.

-Ако граѓаните мислат дека техничките министри во Владата на Спасовски се нова екипа понудена од Христијан Мицкоски, треба да знаат дека тие се луѓе  се длабоко врежани во сценаријата на Груевски, изјави Богојевски.

Слични содржини