УХМР најавува промена на времето, временска прогноза за наредната недела

од Берта Китинска
110 прегледи

До сабота во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има услови и за изолирана појава на краткотрајно невреме, соопшти УХМР.

Во недела услови за краткотрајна нестабилност ќе има во западните делови. Температурите ќе
бидат во позначнителен пораст.

За викендот темпратурите ќе достигнат до 35, а наредната недела и до 38 степени.