
„Македонија е транспарнетна и во однос на заболените и во однос на на бројот на починати од Ковид 19 “, изјави на денешната прес-конференција советникот на регионалниот директор на СЗИ, Фабио Скано.
„Сите држави на различен начин се справуваат. Треба да бараме начин како да ја намалиме стапката на смртност. Треба да се заштитат пациентите кои имаат други болести и се поподложни на инфекцијата, изјави Скано.
Во врска дали е прерано донесена одлуката за отворање на границите тој изјави дека ќе мора веднаш да се индетификува заразата и носителот да се изолира.
„Повтороното појавување на вирусот може да се менаџира, ако власта и граѓаните соработуваат. Владата ќе мора да продолжи да тестира да селектира и да става во карантин за да ги заштите граѓаните од вирусот и да го спречи неговото ширење. Граѓаните мора да бидат искрени и да ги кажуваат контактите кои треба да бидат навреме изолирани за да не се шири заразата“, изјави доктор Скано.