
Министерството за финансии на САД испрати чек со државна помош на адресите на повеќе од милион мртви Американци, открија набљудувачите во Конгресот, а потврди и државната агенција за надзор (ГАО), пренесува „Вашингтон пост“.
Вкупната сума на пари испратена на адресите на починатите е скоро 1,4 милијарди долари, објави државната агенција за супервизија.
„Вашингтон пост“ претходно објави дека Министерството за финансии и даночната служба погрешно испраќале чекови од 1.200 долари на адресите на неколку лица кои починале, но во тоа време сè уште не бил познат степенот на грешката.
Оваа грешка може да одврати некои републикански кругови да ја поддржат иницијативата на претседателот Трамп и неговата администрација да обезбедат дополнителни средства за да им помогнат на граѓаните погодени од епидемијата од коронавирус.
Во својот извештај, ГАО посочува дека грешката во Министерството за финансии и даночната служба се должи на употребата на постапката за итни случаи, како и на застарените бази на податоци.