
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го донесе законот за полициска реформа, кој во САД е попознат како „Закон на Флојд“
Имплицира дека во иднина полициските службеници ќе бидат лично одговорни за штетата во судските постапки, предизвикана при извршувањето на нивните должности, што досега не било случај.
Исто така, според овој закон, полицијата не треба да спроведува изненадни претреси, кои често се користат при рации, во потрага по наркотици, и повеќе не би ја добивала опремата, што во моментот ја користи американската војска.
Предлог-законот го изгласаа 236 пратеници, додека против беа 181. Овој предлог-закон сега ќе излезе на гласање во американскиот сенат, но ќе биде тешко да се добие поддршката на републиканците кои го контролираат горниот дом на Конгресот.
Дури и ако тоа се случи, Доналд Трамп вети дека ќе го искористи ветото, со што би се отфрлило секоја можност дека законот некогаш ќе ја види светлината на денот.