
Сведоци изјавија дека три лица загинале во еден мал град во кениската Ритска долина за време на судирите меѓу полицијата и локалното население поради тоа што не носат маски за лице за да се спречи ширењето на коронавирусот.
Полицијата ги потврди смртните случаи, но даде различни сведоштва.
Активистите за човекови права протестираат со недели поради убиствата извршени од страна на кениската полиција, кои спроведуваат ограничувања, поврзани со ширење на вирусот. Тие, исто така, ги обвинуваат полициските службеници за спроведување на тие мерки, со цел изнудување мито.
Кенет Каунда рече дека насилни протести избувнале во Лесос во четвртокот откако полицијата одвела возач на мотоцикл во станицата, зашто не носи маска. Кенија прогласи дека е задолжително да се носат маски за лице во јавноста и непочитување на таа мерка носи парична казна до 200 американски долари, што за многумина е премногу висока.
Каунда рече дека мештаните се уморни од полицијата да апси луѓе кои не носат маски. Тој тврди дека полицаецот кој го уапсил таксистот пукал во разгневената толпа, убивајќи го локалниот чевлар.
Лути од убиството на чевларot, мештаните ја запалиle куќата на шефот на локалната полиција и почнаle да фрлаат камења кон полициската станица. Уште две лица загинаа во куќата, рече Каунда.