Трамп повика на апсење на демонстрантите кои рушат споменици: 10 години затвор!

од Vladimir Zorba
227 прегледи

На својот профил на Твитер, американскиот претседател Доналд Трамп повика на апсење на демонстрантите кои беа вмешани во обидот оваа недела да се сруши статуата на генералот и поранешниот претседател Ендру Џексон во паркот пред Белата куќа.

Трамп денес „ретвитна“ налог за апсење на ФБИ на кој се прикажани фотографии од 15 демонстранти кои се бараат за „вандализирање на федерален имот“.

Трамп напиша: „МНОГУ луѓе се во притвор, а многу други се барани за вандализирање на федералниот имот во паркот Лафајет. 10 години затвор!“

Полицијата ги растера демонстрантите и го затвори паркот пренесе АП.

Во вторникот полицијата го расчисти целиот регион и ги избрка демонстрантите од раскрсницата, која неодамна беше преименувана во „Black Lives Matter Plaza“.

„Јас ја овластив федералната влада да уапси секој што уништува или оштетува кој било споменик, статуа или друг ваков федерален имот во Соединетите држави и да ги казни до 10 години затвор според законот за зачувување споменици на ветерани или други важечки закони“, објави Трамп.