
Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека Америка има сериозен проблем бидејќи 16 држави се соочуваат со големо зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Фаучи посочи дека само со заеднички сили можат да се борат со пандемијата.
За време на денешната прес-конференција, стручниот тим побара да се тестираат таканаречените милениуми, иако тие се асимптоматски на вирусот.
Според податоците на универзитетот „Џонс Хопкинс“, вчера во САД биле заразени 40.173 лица, што го надминало рекордот од претходниот ден.
Повеќе од 2,4 милиони луѓе се заразени во Америка, а повеќе од 125.000 починале, што е најмногу во светот.
Американските држави Тексас, Флорида и Аризона ги прекинаа плановите за ублажување на мерките заради зголемувањето на бројот на заразени.