Втората меѓународна донаторска конференција за коронавирус, свикана од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, собра 6,15 милијарди евра од Европската унија, САД и други земји.
Европската комисија, заедно со Европската инвестициска банка, вети 4,9 милијарди евра за борба против КОВИД-19, Германија 383 милиони евра, САД 545 милиони долари, Канада 219 милиони долари и Катар 10 милиони долари.
На состанокот присуствуваа претставници на 40 влади.
Собраните пари ќе бидат искористени за тестирање на коронавирус, лекување, развој и производство на вакцина и помош на најсиромашните заедници.
На конференцијата се одржа концерт за прибирање финансиски средства, што се одржа како дел од заедничката иницијатива на Европската комисија и глобалните граѓани. Бројни sвезди учествуваа на концертот, меѓу кои и Мајли Сајрус, Џастин Бибер, Шакира, Ашер, а настанот се емитуваше низ целиот свет.
Претседателката на ЕК, Фон дер Лејен рече дека е од клучно значење секој што има потреба од вакцина, да може да биде снабден со неа.
„Јас се обидувам да ги убедам најбогатите земји да резервираат вакцини не само за себе, туку и за земјите со низок и среден приход. Ова е тест на солидарност“, истакна таа.
ЕУ се залага за глобална соработка во обид да ја доведе под контрола пандемијата, за разлика од САД и Кина, кои се фокусираат на националните иницијативи.