
Полскиот претседател Анджеј Дуда освои мнозинство гласови во првиот круг од претседателските избори во Полска, покажаа резултатите од излезните анкети.
Негов противник во „второто коло“ за две недели ќе биде градоначалникот на Варшава, Рафал Трзасковски.
Резултатите од излезните анкети покажаа дека Дуда, кој е сојузник на владејачката партија Право и правда (ПИП), во првиот круг освои 41,8 проценти од гласовите, што не е доволно за да прогласи победа.
За да се прогласи победа по првата рунда, кандидатот мора да освои најмалку 50 проценти од гласовите, потсети Ројтерс.
Трзасковски, кој е кандидат на најголемата опозициска партија, Граѓанска платформа (ГП), освои 30,4 проценти од гласовите.