Аеродромите се отвораат в среда: Нема испраќање, задолжително пристигнување 3 часа порано

од Берта Китинска
335 прегледи

Врз основа на препораките на Комисијата за заразни болести, Владата донесе одлука од 1 јули, среда, да бидат отворени за сообраќај Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид.

Дистанца, задолжително носење маска и редовна дезинфекција се основните правила кои патниците ќе треба да ги почитуваат.На ниту еден патник нема да му биде дозволено влез на аеродром без да носи заштитна маска, потоа при самиот влез треба да се дезинфицират чевлите и патниците да ги дезинфицираат рацете на веќе поставена машина. Потоа на секој патник се мери телесната температура преку термална камера.Патниците ќе мора да пристигнат три часа пред летот, за да се избегне непотребен метеж, а не се дозволува седење еден до друг на седиштата во чекалницата на аеродромот.

Министрите за транспорт и врски и за здравство, Горан Сугарески и Венко Филипче денеска ќе го посетат Меѓународниот аеродром – Скопје каде што ќе имаат средба со менаџментот на ТАВ Македонија.

Посетата доаѓа во пресрет на отворањето на двата аеродроми во земјава за патнички сообраќај, скопскиот и охридскиот.

Слични содржини