Нов рекорд во Индија: Речиси 20,000 новозаразени за еден ден

од Vladimir Zorba
117 прегледи

Индија во последните 24 часа регистрира скоро 20 000 луѓе заразени со коронавирус, што е новиот најголем број за таа земја.

Во Индија се случи скок од скоро 100.000 случаи минатата недела, објави Министерството за здравство таму.

Од почетокот на епидемијата, потврдени се вкупно 548.318 случаи, што ја прави четврта најтешко погодена земја во светот по САД, Бразил и Русија.

Бројот на загинати во Индија достигна 16.475.

Во сојузната држава Асам, на границата со Бангладеш, ограничувањето на движењето беше воведено повторно до 12 јули, по скокот на бројот на заразени лица.