Шекеринска кон Дурловски: Криење зад режирани спотови без дебата или аргументи е одлика на слабите кандидати

од Берта Китинска
195 прегледи

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска на својот Фејсбук профил објави фотографија од дебатната емисија ТВ 21 по која упати порака до кандидатот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски дека „бегањето од дебати кога се нема аргументи“ останува одлика на опозициската партија и нивните кандидати.

„Денес снимавме дебата за ТВ 21 со сите носители на листи во изборната единица 5. Дурловски кој претендира да ми биде опонент не се појави. Бегањето од дебати кога немаат аргументи останува одлика на ВМРО-ДПМНЕ и нивните кандидати. Го повикувам да престане да се крие за да проценат граѓаните кој го заслужува нивниот глас. Криење зад режирани спотови без прашања, дебата или аргументи е одлика на слабите кандидати“, напиша Шекеринска.

Слични содржини