Чулев: Мицкоски и Андоновски ја прекршија владината уредба и ја признаа грешката

од Берта Китинска
314 прегледи

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев на денешната прес -конференцја истакна дека тоа штолидерот на опозициската партија Христијан Мицкоски, којашто го предложила за министер за внатршени работи и неговиот советник  Љупчо Андоновски, се повикани на разговор во полициска станица, зборува за неселектитен пристап.

„Повикувањето на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, лидер на партијата што ме предложила за министер за внатрешни работи, и на мојот советник на разговор затоа што прекршиле владина одлука со која се забранува престој во затворен објкет, само покажува дека се остварува она што го најавив кога дојдов на оваа функција за неселективна правда.Тие прекршиле уредба на владата со која се забранува престој во затворен објект, тие ја признаа грешката заради незнаење и во координација со JO, МВР ги повика на разговор. Во иднина ќе бидат повикани сите кои ќе се огрешат пред законот“, изјави Чулев.

На прашањето дали Андоновски ќе биде разрешен, министерот Чулев рече дека треба да се види како ќе заврши постапката.

 

Слични содржини