Заменик-министерот на МВР, Агим Нухиу, само за да ја исполни својата партиска агенда го загрозува здравјето на граѓаните, напиша на својот Фејсбук, Аднан Азизи, организативен секретар на Движењето Беса, притоа споделувајќи и неколку фотографии.
„Заменик-министерот на МВР, Агим Нухиу, само за да ја исполни својата партиска агенда го загрозува здравјето на граѓаните со тоа што организира собири спротивно на препораките од здравствените институции за одржување дистанца и носење маски. Кога оној кој треба да биде пример за почитување на препораките не ја завршува својата работа, нормално е дека граѓаните нема да ги сфатат сериозно здравствените препораки за одржување на растојанието и носење на маските. ДУИ веќе претставува опасност за сите граѓани, па време е тие да одат во опозиција, да се реформират, да се прочистат од криминалот и корупцијата во нивните редови. Ова ќе биде од корист за целата држава, граѓаните и за целото општество“, напиша Азизи.
Ai që duhet të mbajë rendin jo vetëm që nuk është shembull i mirë por paraqet rrezik për shëndetin e qytetarëve….
Публикувахте от Adnan Azizi в Понеделник, 29 юни 2020 г.