358
Во Специјалната болница по гинекологија и акушерство Мајка Тереза во Чаир почнавме гасификација на котелот за парно греење, напиша на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Тој напомена дека со години наназад, стариот котел бил главен загадувач во градот Скопје.
„И во услови на пандемија со ковид-19 не застануваме за подобрување на условите во сите јавно-здравствени установи. Нашата цел е подобра здравствена грижа за нашите граѓани“, напиша Филипче.