Починаа четири лица од коронавирусот, вкупната бројка достигна 302

од Берта Китинска
197 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1140 тестирања, а регистрирани се 126 нови случаи на ковид-19.

Починати се 4 лица, по еден пациент од Скопје, Прилеп, Тетово и Гостивар, информираа од министерството за здравство.

Досега во земјата се направени вкупно 60.773 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6334, бројката на оздравени пациенти е 2475, на починати е 302, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3557.

Слични содржини