Откриена мрежа од 30.000 педофили во Германија, полицијата формира посебна група на истражители

од Vladimir Zorba

Германските иследници открија мрежа од 30 000 педофили по случајот на сексуална злоупотреба на деца во Бергиш Гладбах, што ја шокираше Германија пред неколку месеци.

Започна со еден осомничен во западниот дел на Германија и стигна до десетици илјади луѓе кои снимаат и споделуваат детска порнографија, меѓусебно се охрабруваат и советуваат на Интернет, пишува Дојче веле.

Инспекторите откриле траги на повеќе од 30 000 осомничени за поседување и дистрибуција на детска порнографија, но и за директна сексуална злоупотреба на деца, рече Питер Бизенбах, провинцискиот министер за правда во Северна Рајна-Вестфалија.

Овие луѓе на форуми и преку чатови отворено комуницираат за злоупотреба на деца, меѓусебно се охрабруваат и споделуваат совети, рече министерот.

Целта, како што е најавено, е да се открие идентитетот на сторителите, поради што Министерството од јули ќе формира специјална истражна група, која ќе открие педофили, но и сајбер-терористи и хакери на Интернет.

Надлежниот обвинител рече дека истражителите прво итно ќе се справат со случаи кога постојат индиции дека сексуалната злоупотреба сè уште трае, а потоа и со сите што поседуваат и споделуваат детска порнографија.

Минатата есен полицијата во Бергиш Гладбах во западниот дел на земјата уапси 43-годишен маж осомничен дека ја злоупотребувал својата ќерка, откако таа била бебе. Тој правел силките и ги споделувал во затворена група.

Во врска со случајот, полицијата во Келн откри педофилска мрежа која се протега од Австрија и Швајцарија. Досега се утврдени идентитети на 70 лица.

Во мај беше осуден првиот од нив, 27-годишен војник. Тој беше осуден на десет години затвор, но прво беше затворен на неодредено време во психијатриска установа.

Германија неодамна беше потресена од други случаи на сексуална злоупотреба на деца, посочува Дојче Веле и го наведува примерот на снимање силување во викенд куќа во Минстер и случајот во Лиџ, исто така, на западниот дел на земјата, каде што двајца мажи злоупотребиле вкупно 32 деца.

Слични содржини