
Во светот од коронавирусот починале 506.818 луѓе, додека 10.372.230 лица се заразени, вели новиот биланс на Агенцијата Франс Прес.
Бројот на официјално заразени не ја одразува реалната бројка на заразени, бидејќи многу земји само тестираат пациенти на кои им е потребен болнички третман.
Од вкупниот број заразени, најмалку 5.207.900 лица се сметаат за излечени.
САД, каде што е регистрирана првата смрт на почетокот на февруари, се најмногу погодени од вирусот. Во таа земја починале 126.512 лица, заразени се 2.612.259, а се излечиле 705.203.
По САД, земјите со најголем број смртни случаи се: Бразил (58.314 смртни случаи и 1.368.195 заразени), Велика Британија (43.730 смртни случаи и 312.654 заразени), Италија (34.767 смртни случаи и 240.578 заразени) и Франција (29.843 смртни случаи и 201.208 заразени) .
Кина без територијата на Хонг Конг и Макао, каде започна епидемијата во декември 2019 година, официјално има 83.451 заразени лица, 4.634 умреле, а бројот на излечени е 78.469.
Европа има 196.987 смртни случаи и 2.676.496 заразени, САД и Канада 135.114 смртни случаи и 2.716.403 заразени, Латинска Америка и Карибите 114.108 смртни случаи и 2.536.617 заразени, Азија 34.418 смртни случаи и 1.280.698 заразени, Блискиот исток 16.137 смртни случаи и 756.649 заразени, во Африка смртните случаи се 9.888 а заразени 396.045, додека во Океанија,вирусот бил фатален за 133 луѓе, додека заразени се 9.328.
Франс Прес прави дневен биланс базирани на државни податоци од земји низ целиот свет и информации од Светска здравствена организација.