Утрово на каналот „Рекет“ на Јутјуб се објавени нови снимки од разговори во кој се слушаат наводно гласовите на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“ и Слободанка Алексовска, членка на опозициската партија.
Во неа наводно се слуша гласот на Мицкоски како вели: „Се борам сам ова СЈО да не помине, автоматски и неговиот предмет, тој „Империја“, се мисли на предметот во кој обвинет беше Орце Камчев.
Во следното видео, насловено како „Рекет-6“ Мицкоску му се жали на Кичеец и вели дека тој е единствениот што се бори, а него го тепаат и се вљубуваат во Зоран Заев.
-Првично, ние имам многу принципиелни позиции, многу цврсти аргументи. И единствен кој што се бори за сите случаи сум јас, вели Мицкоски. На тоа се надврзува Кичеец, кој вели: „Реално во вас се сите џокери“.