Со изработка на мурал на фасадата на киното „Партизан“ во Битола се отвора годинешната програма на АКТО фестивалот

од Vladimir Zorba
183 прегледи

Со изработка на мурал на фасадата на киното „Партизан“ во Битола се отвора годинешната програма на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) .

Автори на муралот се КУРС колективот од Белград , изработката на муралот е во продукција на ФР~У во партнерство со Народен Театар Битола.

Со изработка на мурал на фасадата на киното „Партизан“ во Битола се отвора годинешната програма на јубилејното, 15-то издание на АКТО фестивалот за современи уметности во продукција на организацијата Факултет за работи што не се учат (ФР~У) .

Автори на муралот се КУРС колективот од Белград , изработката на муралот е во продукција на ФР~У во партнерство со Народен Театар Битола.

„Избраните стихови јасно говорат дека пораката која ја праќа ова најново уметничко дело е онаа на заедништво, солидарност и меѓусебно разбирање на луѓето, вредности за кои се залагаат авторите на ова дело.

Иницијативата за исцртување на мурали на јавни простори има за цел на креативен начин да зборува за одредени теми кои покренуваат и мобилизираат не само поединци туку цели групи и заедници кон активирање и работење на заедништвото и заедничкото во градење на едно праведно општество. А токму заедништвото и заедничкото, како и културата на солидарноста, се покажаа како најургентни прашања кон кои треба сите да се фоскурираме во време на пандемијата со корона вирусот. Покрај тоа, оваа програма критички ги адресира, преиспитува и истражува прашањата поврзани со модерното визуелно и архитектонско наследство, нејзината естетика како и нивните последици во денешниот свет. Таа се манифестира преку креативни формати на акција – мурали, произведени преку активен дијалог и соработка помеѓу културните работници и организации во секоја локална заедница поединечно.

Во општество каде ксенофобијата, национализмот и дискриминацијата по сите основи е се уште присутна, се поставува прашањето како и на кој начин културата треба да ги активира граѓаните да зборуваат гласно наспроти овие теми? АКТО во време на пандемијата на корона го окупира јавниот простор и адресира пораки кои треба да мобилизираат и еманципираат во насока која ќе пркоси на националистичките и авторитарни тенденции кои сеуште постојат во јавниот дискурс и кои го спречуваат развојот на општеството, ги загрозуваат правата и слободите на граѓаните. АКТО зборува за солидарноста која културата треба да ја иницира и поттикне во локалните заедници со цел создавање на праведно општество, се вели во соопштението на организаторите.

Слични содржини