
Санкциите на САД против гасоводот „Северен тек“ 2 не се во согласност со законските регулативи на Берлин, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
„Веруваме дека овој проект е неопходен да се заврши, и ние ќе работиме во таа насока“, рече Меркел, обраќајќи се пред членовите на Бундестагот.
Таа повтори дека „Северен тек 2“ е економски проект, кој исто така има „политички фактор“.
„Затоа Германија е толку посветена на склучување договор според кој Украина не може да биде исклучена од транзит на руски гас и транзитни царини“, истакна германската канцеларка.