IQOS – тутунот се сретна со технологијата

од Берта Китинска
416 прегледи

Ако сте возрасен пушач и се одлучите за иднина без тутунски чад, IQOS е посветен на одлуката во тоа да Ве поддржи. IQOS е осмислен и развиен со желба да им овозможи на пушачите, кои и покрај сé сакаат да продолжат да пушат, да добијат помалку штетна алтернатива. Уредот тоа го овозможува со технологијата на загревање на тутунот, со што се избегнува создавање огин, чад, пепел и миризба карактеристична за цигарите.

Токму фактот дека сѐ повеќе полнолетни пушачи сакаат да продолжат со пушење, но со што е можно помалку штетни ефекти од оние кои пушењето ги носи со себе, беше пресуден тутунскиот гигант Филип Морис Интернешнел (ФМИ) да покрене револуцијата во тутунската индустрија и трансформација насочена кон нова визија – создавање иднина без чад од цигарите.

Зад IQOS уредите кои припаѓаат на нова генерација производи, стојат години и години научни истражувања, како сопствени на компанијата, така и независни од реномирани научни центри. Тим од над 400 врвни експерти ангажирани од ФМИ над една деценија работеше на развој на оваа иновативна технологија која подразбира загревање на тутунот до оптимална температура, но без негово согорување. Досега над 10 милиони возрасни пушачи во 53 земји во светот веќе избраа да преминат од цигари на IQOS уредот како спој на барањата на општеството и високата технологија.

Благодарение на софистицирана електроника, IQOS загрева специјално поготвена мешавина на тутун до температура од најмногу 350°C. Со загревањето се создава водена пареа која содржи никотин, како природна состојка на тутунот, кој, како што посочуваат брони научни студии, не е примарен причинител на заболувањата поврзани за пушењето. Од околу 6000 компоненти во тутунот, над 2000 се природни состојки на растението кои не се штетни сѐ додека не согорат на температура од околу 900 степени. Дури со согорувањето настануваат радикали, како нестабилни честички кои со реакција со други соединенија создаваат нови кои се потенцијални предизвикувачи на болести.

Кај IQOS, со оглед дека не постои процес на согорување, нивоата на штетни супстанци се значително намалени во споредба со чадот од цигарите. При загревањето, уредот емитува до 95% помалку штетни материи во однос на чадот од цигарите, што е научно докажано, поради што е и помалку штетен. Не помалку важен е и фактот дека тој не влијае негативно на квалтетот на воздухот во некоја просторија, па со тоа не доведува ниту до пасивно пушење.

IQOS е и единствен производ кој е авторизиран за продажба во САД од страна на Амриканската агенција за храна и лекови (ФДА). Пред влезот на овој пазар уредот помина ригорозни контроли на тамошните регулатори за да добие согласност за комерцијализација. IQOS од неодамна е достапен и за возрасните пушачи во Македонија кои сакаат да преминат на помалку штетна алтернатива.

Слични содржини