Градинките и дневните центри ќе бидат отворени кога ќе дозволи Комисијата за заразни болести, вели Царовска

од Берта Китинска
286 прегледи

Вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска денеска соопшти дека градинките и дневните центри ќе бидат отворени кога тоа ќе го дозволи Комисијата за заразни болести.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на компании во Општина Кисела Вода, Царовска напомена дека здравјето на граѓаните, и на децата и на возрасните, како и на постарите лица, е најбитно.

-Во име на здравствената заштита на сите наши граѓани, децата, возрасните и најстарите кои се најзагрозена категорија, очекуваме мислење од страна на Комисијата. Во моментот кога Комисијата која јас екстремно ја почитувам, ќе даде пас, тогаш ќе бидат отворени и дневните центри и градинките, истакна Царовска.

Таа потсети дека сите вработени кои имаат деца до десет години се ослободени од работа и таа мерка се уште е во сила.

-Повикуваме на одговорност и кај компаниите, да ја почитуваат оваа препоорака зашто е во интерес на здравствената заштита на сите граѓани, како и на работниците во компаниите кои треба да останат продуктивни и да се вратат на работните места, подвлече вицепремиерката.

Слични содржини