Нови аудио снимки се појавија на каналот „ЈуТјуб“ на кои може да се слушнат разговори во кој се препознава гласот на Зоран Заев.
https://www.youtube.com/watch?v=bZzNgEsKFag&feature=emb_title
Во разговор во кој учествува Заев со непознато лице, се слуша како лидерот на СДСМ зборува дека ја презел партијата од Бранко Црвенковски и дека тие веќе немаат никакво влиајние. Оваа аудио снимка се појави денеска на каналот „Бране капитал“ на Јутјуб.
Разговорот најверојатно се води некаде на отворено, а во втората снимка Заев зборува дка има капитал од 8,5 милиони евра.
https://www.youtube.com/watch?v=nFI6pToJOBc&feature=emb_title
Заев: Јас го презедов СДСМ и јас го финансирам сам. Не ми треба ни Бранко ни неговите луѓе. Го терам сам. Да заврши едно миље на Бранко целосно во СДСМ.