Села: На Македонија не и треба премиер Албанец, туку премиер на сите граѓани

од Берта Китинска
232 прегледи

На Македонија не и треба премиер Албанец, туку премиер на сите граѓани, вели во денешното интервју во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, лидерот на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села.

„Албанците кога те гласаат и ти даваат легитимет, Албанците бираат премиер на Албанците. Ахмети 18 години е премиер, но никогаш не ги бранел буџетот и даноците на Албанците. Коалицијата Алијансата за Албанците и Алтернатива ќе победи на овие избори. Овие денови слушаме анкети, ама добро е што веќе има пример дека анкетите ништо не погодуваат. Треба да се забранат анкети за време на кампања бидејќи не мерат туку создаваат мнение. Партиите плаќаат пари за да ги ориентираат гласачите. Преку овие сондажи се создаваат анкети за сиромашните граѓани. Ние победуваме а со кого ќе коалицираме, имаме услови. На пример членството во ЕУ е неопходно. Од моментот кога нашата програма ќе добие легитимност, односно ќе ги добие гласовите, веќе не сум Зијадин Села, туку ветувањата мора да ги спроведам. Нашата коалиција гарантира дека работите ќе бидат поинакви, дека ќе има правда, конкурентност но и никој да не се натпреварува и да гази врз главите на другите за да стигне до целта“, порача Села.

Слични содржини