192
Граѓаните кои се собраа вечерва пред српскиот парламент, незадоволни од повторното воведување полициски час, ги пробија вратите на парламентот и влегоа во зградата.
Полициските вооружени сили со пендрици после десетина минути ги исфрли демонстрантите од Собранието.
Пред влезот има туркање на незадоволните граѓани и полицијата, а фрлен е и солзавец.
Група граѓани пред полицискиот кордон повикуваат повторно да влезат во собранието. И порачуваат на полицијата да ги „фрлат штитовите“.
Фото: Нова рс