Физичар ги откри манипулациите на Путин: Дали ова се докази дека украл милиони гласови за да владее уште 16 години? (ФОТО)

од Aleksandar Petrovski

Русите гласаа 7 дена за промена на уставот, а многу критичари на претседателот Владимир Путин, како и бројни истражувачи и набqудувачи на изборите, посочуваат дека референдумот бил обележан со разни нерегуларности.

Околу 68 oтсто од Русите излегоа на гласање, од кои 78 отсто гласаа за предложените амандмани. Додека Кремљ го прогласи таквиот резултат за „триумф“, критичарите велат дека е нелегитимен.

Истакнатиот физичар Сергеј Шпилкин објави статистички доказ минатиот четврток за голема измама во гласањето на референдумот што се одржа од 25-ти до 1-ви јули.
Графиконот на Шпилкин со 88 милиони гласови покажува дека уделот на гласови „да“ е поблизу до процентот од 100 проценти во областите кои пријавиле слична, абнормално висока излезност.

 

Публикувахте от Sergey Shpilkin в Четвъртък, 2 юли 2020 г.

 

„Тоа говори дека околу 22 милиони гласови може да бидат лажни“, објаснува Шпилкин.

„Во неодамнешното минато, немаше манипулација со гласовите на руските избори со ваква големина. Ова е апсолутно невидено. Релативно гледано, слична ситуација веќе е видена на изборите за Думата во 2016 година”, додаде тој, осврнувајќи се на долниот дом на рускиот парламент каде владејачката партија официјално освои 54 проценти од гласовите, додека според неговите пресметки тоа било 40 проценти.
Шпилкин претходно објави статистички доказ за голема измама во гласањето на изборите во Дума во 2011 година и претседателските избори во 2018 година, на кои Путин освои четврти мандат.

Според неговите пресметки на референдумот, резултатот е 65 отсто од гласовите за, а 35 против, со излезност од 42-43 отсто.

Набљудувачката група Голос соопшти дека во четвртокот добила повеќе од 2.100 жалби за можни изборни нерегуларности, вклучително и извештаи дека работодавците ги принудиле своите работници да гласаат. Гласовите говорат дека околу 58 милиони гласови ќе бидат предмет на правен спор затоа што изборниот закон на Русија за уставните реформи нема механизам за предвремени избори.
Лидерот на опозицијата Алексеј Навални, исто така, ги осуди изборите, велејќи на Твитер дека референдумот поставил „рекорд во лажирање гласови“. Тој додаде дека резултатот „нема никаква врска со ставовите на луѓето“. Критики, исто така, дојдоа од Соединетите држави, кои изразија загриженост за „манипулации“, додека Европската унија ја повика Русија да ги испита наводите за „нерегуларности“ на изборите.

Последното гласање беше многу важно за Владимир Путин, кој сега може да влезе во реизборната трка двапати по 2024 година и да биде на власт до 2036 година.

Слични содржини