Идните невести организираа протест во Рим: Бараат да се дозволат свадбите, еве што најмногу ги загрижува (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski
268 прегледи

Акција на протест ја принуди полицијата во Рим да се собере во близина на легендарната фонтана ди Треви, каде невести во снежно бели фустани бараа да се дозволат свадбените церемонии.

„Протестирам затоа што сакам да се омажам! Мојата венчавка мораше да се одложи за следната година а се договорив сè со свештеникот, но не можев да се договорам со рестораните и со салоните за убавина“, ги пренесува Рент ТВ зборовите на една од учесниците на протестот.
Тие посочија дека „сакаат гости, неограничена радост, да танцуваат до утрото“, а исто така наведуваат дека постои „ризик дека младоженецот, чекајќи да бидат укинати ограничувањата, ќе го смени своето мислење“.

Воведена е привремена забрана за раскошни прослави заради пандемијата, но младите одбиваат да ги исполнат барањата.

Се истакнува дека проблемите со регистрацијата на бракот предизвикани од вирусот корона не се појавиле само во Рим. Поради епидемијата, властите на државата Њујорк дозволија бракот официјално да се склучува и преку видео-врска.

Слични содржини