Рекорд во САД: Заразени 65.500 луѓе за еден ден

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Во Соединетите Американски држави во последните 24 часа биле заразени 65.500 луѓе со коронавирусот, објави утринава универзитетот „Џонс Хопкинс“.

Според податоците собрани до 20,30 часот во четврток, тоа е нов рекорд по бројот на заразени.

1.000 луѓе починаа од Ковид-19 и 133.195 од почетокот на епидемијата.

Вкупно 3,11 милиони луѓе се заразени во САД.