Рекорден број новозаразени лица во Токио

од Vladimir Zorba
91 прегледи

Во Токио во последните 24 часа се регистрирани 244 нови случаи на коронавирус, што е нов дневен рекорд во јапонската престолнина, соопштија локалните власти.

Повеќето од новозаразените во Токио се меѓу 22 и 40 години, а тоа се млади луѓе кои неодамна оделе во ноќни клубови, пренесува ТАСС.

За три дена во Токио, бројот на нови случаи се искачи од 75 на 244.

Вкупниот број заразени во Јапонија надмина 21.000, а околу 1.000 луѓе починаа.