Во Козле хоспитализирани 3 деца позитивни на ковид и 4 деца со мајки суспектни на вирусот

од Берта Китинска
281 прегледи

Во последните 24 часа се направени 1545 тестирања, а регистрирани се 199 нови случаи на ковид-19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, вкупно се хоспитализирани 87 пациенти, а на кислородна поддршка се 62 пациенти.

Во болницата во Козле, пак, се хоспитализирани 21 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 3 деца и 4 деца со мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 14 нови, со што вкупно хоспитализирани се 96 пациенти, додека на респираторна машина се 2 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 39, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти итн.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7.975, бројката на оздравени пациенти е 4.080, на починати е 376, а бројот на активни случаи во земјата во моментот изнесува 3.519.

Слични содржини