273
На 11.07.2020 во 15.30 часот било пријавено дека во Велес, во водите на езерото „Младост“, М.С.(28) од Скопје влегол во водата и по кусо време потонал и се удавил.
Телото на М.С. било извадено од водата, а од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството.