117
Односите меѓу Русија и САД се на најниската точка во историјата, оцени портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на државната „ТВ станица Русија 1“.
„Нашите односи се сè уште на најниска точка“, рече Песков, коментирајќи ја динамиката на руско-американските односи, пренесува агенцијата ТАСС.
Ситуацијата е многу лоша, и на ниво на билатерални односи и веројатно во однос на одговорноста на двете држави за мултилатерални односи, пред се во однос на контролата на оружјето и глобалната стабилност, рече Песков.