Заев на Сител: Секој кој нема да гласа му помага на режимот да се врати

од Vladimir Zorba
237 прегледи

„Нашата држава има ситуација во која мораме да избереме парламент. Свесни дека пандемијата ќе трае ние мораме да ги организираме државните институции. И покрај ваквите услови мислам дека преку кампањата допревме до голем број гражани, преку вас медиумите, преку социјалните мрежи, преку помали собири.  Во целиот овој период имаме голем фокус на голема политичка понуда, преку сите сегменти, платите, инфраструктурата, економијата… А од друга страна се води негативна кампања. Ние го исполнивме тоа дека ќе имаме позитивна кампања. Така и ќе продолжиме да работиме, ќе се посветиме на зголемувањето на платите и пензиите, на минималната плата до 20 000 денари, на просечната до 34 000 денари, ќе ги зголемиме повторно пензиите.. Ако сето ова го можевме во скратен мандат и во време на здравствена криза, сега во нов мандат сигурно дека знаеме и можеме повеќе. Јас верувам дека ние ќе им оставиме повеќе на нашите деца од тоа што ни оставија родителите.“- изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев на вестите на Сител.
 
Тој е уверен дека голем број граѓани ги препознале политиките на СДСМ во изминатите три години и дека веќе се определени за кого ќе гласаат.
 
„Верувам дека многумина ќе излезат на избори. Може да гласаат и заразените од Ковид 19, кои се дома или во болница. Ние секој ден одиме насекаде како граѓани, се дружиме, пиеме кафе, пазариме… Затоа тие пет минути на гласачкото место нема да ни го нарушат здравјето. Едно мора да се знае, секој кој нема да гласа не и помага на татковината, ако не гласа му помага  на режимот да може да се врати. Затоа ги повикувам граѓаните во што поголем број да ја исполнат својата одговорност и да и дадат патоказ на државата“- испрати Заев порака преку Сител сите да се определат за мирна, стабилна и просперитетна држава.

Слични содржини