Ако има втор бран на корона, Шведска би можела да воздивне: Сите го критикуваа нејзиниот пристап, а сега е пример

од Aleksandar Petrovski
236 прегледи

Една земја доаѓањето на зимата ќе го дочека со значително помалку страв од остатокот на светот.

Имено, британскиот Телеграф пренесува дека едно неодамнешно истражување покажало дека 30 отсто од Швеѓаните развиле имунитет на коронавирусот. Ако имунитетот на стадото им помогне како мерка за борба против вирусот за време на вториот бран, шведскиот пристап, кој беше оспорен и критикуван од многумина, би можел да се покаже оправдан.

„Лудиот експеримент“, како што многу експерти го нарекоа шведскиот модел за одбрана од коронавирус, се засноваше на имунитетот на стадото. Швеѓаните не воведоа рестриктивни мерки како остатокот од светот. Тие забрануваа собири за повеќе од 50 лица, но угостителските објекти останаа отворени, маски не се носеа, децата под 16-годишна возраст одеа на училиште, така што животот минуваше повеќе или помалку нормално.
Иако многумина очекуваа вистинска катастрофа, се чини дека никогаш не пристигна во Шведска. Како и во повеќето европски земји, Шведска пикот по бројот на починати од ковид-19 го имаше во првата половина на април, по што следеше постојан пад.

Исто така, графиконите што ги покажуваат причините за смртност и бројот на пациенти не се разликуваат од истите графикони од другите европски земји.
Но, сега целите на другите земји во ЕУ исто така се променија, така што никаде повеќе не е целта за целосно затворање, туку спречување на смрт по секоја цена. Нов Зеланд досега успеа да го искорени вирусот, но затоа затоа се поздрави со својата најголема извозна индустрија – туризмот – што вклучува десет проценти од нејзината економија и 14 проценти од вкупната работна сила.

Изолирана од остатокот на светот, Нов Зеланд сега е затвореник зависник од вакцина против коронавирус а таа можеби никогаш нема да се пронајде. И во Австралија, каде мислеа дека го поразиле вирусот, следувале нови карантини и затворањето на милиони луѓе.

Вирусот се шири во САД, Израел и Јужна Африка, Мексико, Русија …

Ако постои надеж дека ќе се избегне друг бран, тогаш лежи во избегнување контакти.

Иако Шведска нема да биде заобиколена од глобалната рецесија што следи, но доколку вакцината против коронавирус почне да се произведува до есен, Швеѓаните ќе изгледаат безгрижно.

Сепак, нема да има вакцини наскоро, а зимата доаѓа, предупредува Телеграф.

Слични содржини