337
Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев информираше дека поранешниот претседател на основниот Кривичен суд во Скопје, Владимир Панчевски се бара со потерница.
– Полициските службеници во три наврати не го најдоа на посочената адреса. За тоа беше известен судот во Велес, по што беше распишана потерница по него , изјави Чулев.
Основниот суд од Велес на поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје му одреди 30 дена притвор поради отсуство на рочиштето за судскиот предмет „АКМИС”, во кој тој е обвинет.