ФОТО: Вардар во кафеава боја

од Берта Китинска
374 прегледи

На социјалните мрежи се појавија фотофрафии од реката Вардар, на кои се гледа дека водата се претворила во кафена.

Причината за загаденоста засега не е позната, но според коментарите на Фејсбук, до ваквата непријатна глетка најверојатно дошло од некој дефект или пукната цевка со што и дошло до големо загадување на водите во реката Вардар.

„Во координација со директорот на ДИЖС испратени се инспектори на терен. Ќе се земат урнеци од водата и доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат овој пат казната ќе биде многу поригорозна. Минатиот пат правниот субјект беше казнет со 100.000евра. Се работи за река Вардар кај Долно Лисиче“, соопштија од Град Скопје.

Слични содржини