Членовите на Избирачкиот одбор (ИО) во ИМ 2932 во Бутел се зафатени со јадење и пиење, така што проверката со УВ ламбата им е последна од грижите. Проверуваат секој втор или трет гласач со УВ ламбата, информираа од ЦИВИЛ на втората прес конференција за изборниот мониторинг во 10 часот.
-Во ИМ 2582/1 во Ѓорче Петров нема средства за дезинфекција.На повеќе ИМ на граѓани коишто имаат нова лична карта (издадена во претходните 2 недели) не им се дозволува да гласаат бидејќи ги нема во избирачките списоци. На граѓаните не им се даваат инструкции како понатаму да постапат. Овој случај се регистрира на избирачките места: 2930 во Бутел и ИМ 2611, 2593/1 и 2628 во Карпош.На ИМ 9741 се бележи прекршување на протоколите за асистенција при гласање. На граѓанка со попреченост на видот ѝ било оневозможено да гласа со асистенција. Во Гази Баба, во ИМ 2498 партиски надбљудувач седи до Претседателот на ИО. Кога надбљудувачката на Цивил побарала информација кои се присутните и во кое својство, партискиот надбљудувач и претседателот на ИО дрско ѝ одговориле со зборовите „Па баш на ЦИВИЛ ништо не им кажувам, коментираше претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала кој ги водеше првите две прес конференции од почетокот на изборниот ден.